Хортикултура

Биро Проект активно се занимава со хортикултурно, партерно уредување и пејзажна архитектура. Нашиот тим е специјализиран за дизајн и изведба на хортикултурното и партерното уредување на вашите простории, дворови, паркови и други видови приватни и јавни површини (крстосници, булевари, пешачки зони и сл.), како и консултантски услуги од оваа област.

Нашата компанија ги нуди следните услуги од областа на хортикултурата:

  • Проектирање – дизајн за хортикултурно уредување (надворешни и внатрешни простори) и партерно уредување, со помош на инженерски кадар и високопрофесионални софтверски програми;
  • Изработка на тродимензионален приказ на вашите градини, балкони и секаков вид простории со помош на нови идеи и предлози;
  • Изведување на дизајнот за внатрешно и надворешно хортикултурно и партерно уредување;
  • Одржување на дворови, балкони, паркови, тераси…
  • Вршење стручен надзор над изведбата, односно над сите зафати поврзани со хортикултурното и партерното уредување;
  • Консултантски услуги од областа на хортикултурата.