Процена на недвижен имот

Биро Проект поседува лиценца за вршење на процена од областа на недвижен имот. Ние сме овластена компанија за проценка на пазарната вредност на недвижнини: станбени куќи и згради, деловни згради (погони, магацини, хали и стоваришта) и деловни простории (дуќани), административни згради и простории, згради и станови за одмор и рекреација и други објекти (гаражи, амбари, штали, плевни и шупи) како и градежно земјиште, земјоделско земјиште, шуми и пасишта.

Специјализираниот тим за процена стои на располагање на сите компании кои имаат потреба од проценител на пазарната вредност на недвижен имот, како основ за:

  • Пренос на право на сопственост
  • Определување на вредност на капитал во случаи во кои доаѓа до промена на вредноста и структурата на капиталот и при статусни измени
  • Стечајна постапка и ликвидација
  • Финансирање и подигање на хипотекарен и заложен кредит
  • Пребивање на побарување
  • Постапка на експропријација
  • Инвеститорски консалтинг и во други случаи предвидени со закон

Извештај за процена на недвижен имот

  • Извештајот за проценка содржи податоци за нарачателот на проценката, намена на проценката, опис на урбанистичкиот и сопственичкиот статус на недвижниот имот – предмет на проценка, градежните карактеристики, елементите според кои се врши проценката и заклучок за усвоената пазарна цена на недвижниот имот.Извештајот за проценка содржи и одреден број на фотографии од надворешноста и внатрешноста на објектот – предмет на проценка како илустрација на карактеристиките на објектот.