Биро Проект поседува лиценца за вршење на процена од областа на недвижен имот. Ние сме овластена компанија за проценка на пазарната вредност на недвижнини: станбени куќи и згради, деловни згради (погони, магацини, хали и стоваришта) и деловни простории (дуќани), административни згради и простории, згради и станови за одмор и рекреација и други објекти (гаражи, амбари, штали, плевни и шупи) како и градежно земјиште, земјоделско земјиште, шуми и пасишта.
Специјализираниот тим за процена стои на располагање на сите компании кои имаат потреба од проценител на пазарната вредност на недвижен имот, како основ за:
- Пренос на право на сопственост
- Определување на вредност на капитал во случаи во кои доаѓа до промена на вредноста и структурата на капиталот и при статусни измени
- Стечајна постапка и ликвидација
- Финансирање и подигање на хипотекарен и заложен кредит
- Пребивање на побарување
- Постапка на експропријација
- Инвеститорски консалтинг и во други случаи предвидени со закон
Извештај за процена на недвижен имот
- Извештајот за проценка содржи податоци за нарачателот на проценката, намена на проценката, опис на урбанистичкиот и сопственичкиот статус на недвижниот имот – предмет на проценка, градежните карактеристики, елементите според кои се врши проценката и заклучок за усвоената пазарна цена на недвижниот имот.Извештајот за проценка содржи и одреден број на фотографии од надворешноста и внатрешноста на објектот – предмет на проценка како илустрација на карактеристиките на објектот.