„Биро проект“ ДООЕЛ Скопје, е компанија основана во 2002 година која нуди услуги од областа на проектирањето, маркетингот, хортикултурата и проценка на недвижен имот.
Проектантскиот тим ги изработува сите фази во процесот на проектирањето и поседува лиценца и овластување за проектирање, надзор и ревизија, а, исто така и лиценца за процена на недвижен имот.
За хортикултурното и партерното уредување задолжен е специјализиран тим за дизајнирање и изведба.
Во делот на маркетиншките услуги „Биро Проект“ нуди комлетен бренд билдинг – од графички дизајн на рекламен материјал до комплетен развој на брендот, како и интернет маркетинг услуги и организирање на промотивни настани.