Графички дизајн

Дизајнот е уметничката страна на бизнисот. Тој предизвикува реакција кај луѓето, не само внимание.

Што нудиме?

  • Комплетен визуелен идентитет
  • Дизајн на заштитни знаци
  • Графичко обликување на рекламни материјали
  • Графичко обликување на брошури
  • Графичко обликување на каталози, Подготовка за печатење

Комплетен дизајн и изработка на:

  • Визит карти
  • Меморандуми
  • Коверти
  • Брошури
  • Огласи
  • Билборди
  • Сити лајтови
  • Флаери
  • Амбалажа
  • Честитки
  • Кеси
  • Календари
  • Каталози
  • Списанија

Фокусирајте се на целите, не на мислењата

Брендирањето на производите и услугите започнува со квалитетно графичко обликување. Боите, типографијата, изгледот и останатите елементи на дизајнот создаваат посебни психолошки ефекти врз луѓето. Со јасно идентификување на вашите цели и пронаоѓање на најдобриот начин за нивна визуелизација, ќе ја елиминирате субјективноста што доаѓа заедно со дизајнот.

Бидете практични

Вие можеби сте стратешки добри, но тешко дека некој ќе ја проголта вашата стратегија ако вашиот маркетинг изгледа „за никаде“. Балансирањето на естетиката и стратегијата создава моќен удар кој ќе ви помогне да ја засените вашата конкуренција.

Поправете го она што е расипано

Укинувањето на она што го имате во моментот со надеж дека ќе најдете ново магично решение е скапа варијанта. Наместо да почнете од почеток, ние сме овде да ги обновиме вашите стари решенија и да додадеме доза на уникатност и креативност. Илјадници вложени во билборди низ целиот град ќе бидат фрлени пари ако не ја пренесуваат правата порака. Тие попрво ќе ве убедат да не го купувате производот што се рекламира, наместо да обезбедат препознатливост на брендот.