Односи со јавност

Што нудиме?

  • Анализа на краткорочни и долгорочни ПР потреби и нивно планирање
  • Подготовка на ПР стратегии и нивна имплементација
  • Континуирано ПР следење и контакти со медиумите
  • Планирање на тековна комуникација и медиумски активности
  • Претставување и застапување пред медиумите, прес конференции
  • Организација, изработка и доработка на материјали и текстови за медиуми веб-сајт и сл.
  • Закуп на медиумски простор, контрола на квалитет на објави и емитувања.
  • Создавање документација на објавеното во печатот и електронските медиуми
  • Мерење на резултатите од ПР активностите

Цели на односите со јавноста

  • Влијание на јавното мислење
  • Поставување на основите на корпоративниот идентитет
  • Стимулирање на тимската атмосфера и работната атмосфера во рамките на компанијата
  • Подобро информирање
  • Унапредување на врските со мас медиумите
  • Поддршка на маркетингшките активности

Зошто ви е потребна ПР стратегија?

  • За да се надополни бизнис планот на компанијата;
  • Да се идентификуваат начини каде односите со јавностa можат да помогнат во остварување на целите на компанијата;
  • Фокус и менаџирање на сите комуникации во и надвор од компанијата;
  • Да се осигура максимум бенефит од сите ПР активности.

Односите со јавноста создаваат свесност за вашиот бренд и го пренесуваат вашето име до оние што се значајни за вашиот бизнис. Тие се врзани со репутацијата на компанијата – резултат на она што го работите, она што ќе го пренесете и она што другите ќе го кажат за вас. Ако сакате вашите информации да бидат соодветно објавени на вашата веб страница, на онлајн и офлајн медиумите, ние ќе ви помогнеме да ги остварите целите на вашата кампања.